Радио Милева
„Каде што има чад, има ли и оган“?

Сергеј Варошлија конечно се појави во јавноста: Модниот гуру се враќа на ТВ екраните? (ФОТО)

Сергеј Варошлија конечно се појави во јавноста: Модниот гуру се враќа на ТВ екраните? (ФОТО)

Со „падот“ на Боки 13 и распадот на 1ТВ империјата, по аферата „Рекет“ која со месеци ја тресеше македонската и регионалната јавност, човекот кој ја имаше најгледаната неполитичка емисија на телевизијата, Сергеј Варошлија како да „пропадна во земја“. Разбирливо, не само што преку ноќ  „исчезна“ од ТВ екраните, туку исчезна и од очите на јавноста. Престана да се појавува на вообичаените места, на што до душа му кумуваше и корона пандемијата, изолацијата, п0лицискиот час, рестрикциите и забрани на движење…, престана да споделува свои фотографии и статуси на социјалните мрежи, неговите профили останаа речиси „замрзнати“…

Многумина од чиста љубопитност се прашуваа каде тоа „испари“ модниот гуру, чија телевизиска вештина и умеење им недостасуваше, зашто може кој што сака да мисли за него, но едно е сигурно: Сергеј Варошлија е одличен познавач на модата, модните трендови и збиднувања во светот, а од друга страна тоа умее(ше) на забавен, оригинален и себесвојствен начин да и го пренесе на телевизиската публика. Тоа што некого „вистината го погаѓа и боли“… е веќе прашање на „лично доживување“ и лична перцепција на нештата, во кои Сергеј не веруваме дека имал „нешто лично“ против оние чиј изглед и имиџ го коментираше иако рака на срце, знаеше понекогаш и да претера!

Како и да е, со гасењето на „1ТВ“ , „згасна“ и неговото модно ТВ шоу, заради што веројатно и нему ќе му „пукнеше душата“, но и на мнозинството ТВ гледачи, зашто, многумина потоа се согласија дека модниот гуру недостасува во ТВ етерот. За Боки 13  потоа, откако почна да се одмотува клопчето, стануваше помалку или повеќе познато, но од неговото најверно другарче, ниту трага ниту глас? Можеби само најблиските од  „затворениот круг“ знаеја каде е Варошлија, дали осамен тагува или некаде скриен молчи во страв да не тропнат и на неговата врата?

Теории на заговор по разни основи имало и секогаш ќе има, но едно е сигурно: Помина долго време откако пошироката јавност повторно не го здогледа ликот на модниот гуру. Овој пат одново на социјалните мрежи.

Имено, Сергеј сподели неколку, најпрвин новогодишни фотографии од скопските улици, на кои се гледа дека модниот гуру е „жив и здрав“ и ништо не му недостасува… Не барем физички.

Неколку дена подоцна уште една мини серија најнови, фотографии.

 

 

Малку сам на масата, малку во женско друштво, покрај згодната русокоса пријателка Маја, позната македонска манекенка и модел, некогашна девојка на еден наш познат театарски режисер.

Сепак во нивно друштво секако бил уште некој, зашто тој некој очигледно морал да ја направи фотографијата. Можеби претпоставувавте за кого се работи, а можеби и не?

 

И ништо чудно и необично во сето ова, доколку враќањето во јавноста на Варошлија не се поклопува со приказните кои последниве месеци наголемо кружат по новинарско-естрадните кулоари и кругови, дека наскоро во етерот треба да тргне нова телевизија. И тоа ни помалку, ни повеќе од истото место каде што заврши „1 ТВ“ – студиото на „Томато продукција“!? Телевизијата е неофицијално е во сопственост на еден македонски бизнисмен кој се занимава со „Ај-ти“ бизнис и програмирање, а се говори дека нејзиното име ќе биде „М2 ТВ“!

Покрај политичките програми на неа ќе има и емсиии и шоуа од забавен карактер, меѓу кои „се шпекулира“ дека ќе биде и постоечкото или шоу со нов формат на Сергеј Варошлија!?

 

Значи ли тоа дека модниот гуру се враќа на ТВ екраните, а споделувањето на нови фотографии е само „загревање на јавноста“ за повторно навикнување на ликот на Варошлија? Ќе му „пукне ли некому душата“ и дали Сергеј навистина одново ќе има можност „да им ја пукне на другите“ со своите довитливи, остри и бритки, издржани и дрски коментари или ќе гледаме нешто сосема друго, некое поинакво издание на модниот гуру, останува да почекаме?

А можеби сето тоа се само „празни музбети“ кои чаршијата ги плете во недостаток на забава и задкулисни естрадни „дешавки“? Сепак, не ја исклучувајте можноста да се запрашате дали се’ уште важи онаа старата поговорка: „Каде што има чад, има ли и оган“? Останува да почекаме да видиме, дали набрзо ќе почне и…  „да гори“!?

Фото:Инстаграм принтскрин

 

Останати вести од Радио Милева