Радио Милева
тридневна веселба

Сепак не е готово: Џеј Ло и Бен Афлек закажаа втора венчавка, еве ги деталите (фото)

Сепак не е готово: Џеј Ло и Бен Афлек закажаа втора венчавка, еве ги деталите (фото)

Познатиот холивудски пар Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа пред еден месец на интимна церемонија во Лас Вегас, а сега се подготвуваат за голема свадбена веселба.

Парот ќе организира тридневна веселба овој викенд, почнувајќи со пробна вечера во петок. Самата церемонија ќе се одржи во сабота, додека се ќе заврши со скара и пикник во недела.

Бен сака сè да биде подредено на неговата избраничка, Џенифер Лопез, на тој голем ден – изјави инсајдер за „Page Six“.

Џенифер планира да носи фустан од Ралф Лорен, кој е специјално изработен во Италија. Настанот до последен детаљ го планираше Колин Кауви, кој е познат како еден од најдобрите во тој  бизнис. Неговите хонорари се движат од 25.000 до 25 милиони долари, а тој има продуцирано настани за Опра Винфри, Мајкл Џордан и многу други во минатото.

Фото:Принтскрин/Твитер/ЕПА/CC BY-ND

Останати вести од Радио Милева