Радио Милева
крај на една ера

Семејтвото Кардашијан ја извести јавноста дека нивното ријалити по 20 сезони престанува да постои (ФОТО)

Семејтвото Кардашијан ја извести јавноста дека нивното ријалити по 20 сезони престанува да постои (ФОТО)

Членовите на светски познатото семејство Кардашијан ја информираа јавноста дека нивното реално шоу „Во чекор со Кардашијанс“ ќе престане да се снима по 20 сезони.

„Со тешко срце се збогуваме со серијалот „ Во чекор со Кардашијанс “. „После 14 години и 20 сезони, стотици епизоди и неколку спин-оф шоуа, ние како семејство одлучивме да ставиме крај на оваа посебна авантура“ – стои во соопштението објавено на социјалните мрежи од сите членови на славното семејство.

„Благодарни сме на сите што не гледавте сите овие години – во добро и зло, среќа, тага и многу врски и деца. Ние секогаш ќе ги цениме прекрасните спомени и безбројте луѓе што ги сретнавме. Им благодариме на илјадниците луѓе и компании кои беа дел од ова искуство и му благодариме на Рајан Сикрест што веруваше во нас, како и на „Канал Е!“ кој беше наш партнер и продукцискиот тимна Баним / Мареј кои поминаа безброј часови во снимање на нашите животи“ – стои во соопштението.

Останати вести од Радио Милева