Радио Милева
прекрасно семејство

Семејна фотографија: Татијана Стефановска го покажа лицето на ќеркичката Ана (фото)

Семејна фотографија: Татијана Стефановска го покажа лицето на ќеркичката Ана (фото)

Македонската пејачка Татијана Стефановска кон средната на јуни за првпат се реализираше во улогата на мајка.

Имено, Татијана и нејзиниот сопруг, музичарот Митко Бежановски добија ќерка за која го одбраа името Ана.

Ова вест тогаш ја изненади македонската јавност бидејќи пејачката не обелодени дека е бремена, ниту пак на социјалните мрежи објавуваше фотографии од трудничкото стомаче.

Среќната мајка ужива во својата нова улога и во секој момент поминат со наследничката, а убавите  моменти на радост и бескрајна среќа битолчанка со наследничката.

Неодамна, парот и ја крстеше својата ќеркичка, а по тој повод и направија мала забава.

Прославата весела, во еден реномиран угостителски објект, онака како што доликува: со богата софра, расположени гости, добра музика и уште порасположени домаќин.

Стефановска е активна на социјалните мрежи, но не е премногу активна или секојдневно да објавува фотографии од Ана.

Одвреме – навреме, знае да сподели некоја фотографија, а сега по неколку месеци од породувањето таа за првпат целосно го покажа лицето на бебето и покажа колку потпораснала нејзината миленичка.

Имено, Татијана објави фотографија на која позира покрај сопругот и малата Ана во прегратки.

За оваа прилика, пејачката е облечена во виолетов фустан, нејзиниот партнер е во сив костум, додека ќеркичката е во бело фустанче и наликува на принцеза..

Следбениците оставија позитивни коментари под објавата: „Прекрасна фамилија“, „Машала“, „Душа мала“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.

Останати вести од Радио Милева