Радио Милева
најважната жена во животот

Семејна фотографија од свадбата: Каролина Гочева со роденденска честитка до мајка си (фото)

Семејна фотографија од свадбата: Каролина Гочева со роденденска честитка до мајка си (фото)

Каролина Гочева секогаш е отворена да зборува за својата музичка кариера, за своите професионални активности и ангажмани. Меѓутоа, кога станува збор за приватноста, пејчаката е резервирана, па едвај открива детали од интимниот живот.

Сепак, одвреме – навреме знае да сподели по некоја приватна фотографија. Како што наближува Нова година и новогодишните празници, сите се радуваме на празничната еуфорија. Тоа е период кога семејствата, пријателите, се собираат слават,  кога се купуваат подароци….

Каролина пред Нова година, има уште еден повод за славење. Имено, пред 31 декември и стана пракса јавно да и го честита роденденот на својата мајка.

Пред празничните денови, пејачката сподели семејна фотографија на Инстаграм, на која е заедно со нејзината мајка Светлана. Фотографијата е од свадбата на Каролина и Михаил.

Дамите позираат една покрај друга, насмеани, расположени…

Каролина со емотивна порака и го честиташе роденденот на најважната жена во животот – нејзината мајка.

=Среќен роденден на најважната жена во нашиот живот! Те сакаме најмногу мамо! Секогаш да си ни насмеана како на сликава, напиша популарната пејачка.

Објавата за краток период собра над 8000 лајкови, а под истата се нижеа честитки од следбениците.

Среќен роденден.

фото: принтскрин/инстаграм/каролина гочева

Останати вести од Радио Милева