Радио Милева
ја прекорила за алкохолот

Семејна драма во Врачар – Ана Николиќ ја избркала мајка си од станот (фото)

Семејна драма во Врачар – Ана Николиќ ја избркала мајка си од станот (фото)

Познатата пејачка Ана Николиќ наводно се почесто конзумира алкохол, а сега  во пијана состојба се скарала со мајка си Миљана, која по вербална пресметка ја исфрлила од станот. За време на посетата, мајката на Ана ја критикувала дека почнала да се опива и во текот на денот и сите коментираат дека порокот кај неа земал замав.

Ова ја изнервирало пејачката па и рекла на мајка и да си оди дома ако планира така да разговара со неа.

– Ана ја поканиламајка си на ручек, како и секоја недела, а расправијата започнала кога го отворила шампањот. Ана ја терала мајка си да наздрави и да пие, па Миљана ја искористила приликата да го истакне нејзиното однесување. Таа и рече: „Ана, сите коментираат дека повторно почна да пиеш. Ги гледам и коментарите на социјалните мрежи, луѓето те клеветат, изгледаш пијано и кога даваш интервјуа. Мислам дека треба да внимаваш на пијачките, не е добро за дама како тебе да пие сред бел ден“ – вели соговорник близок на пејачката, откривајќи дека Николиќ прво се обидела да го игнорира советот, но кога мајка и продолжила да и го привлекува вниманието, морала да реагира.

– Ана почнала да се смее и да ја убедува мајка си дека не пие секој ден, да зема само чаша или две со ручек или после тренинг, но таа продолжила да и сугерира да се откаже од алкохолот. Тогаш Ана скокнала, почнала да вика и да и кажува на мајка си дека нема пет години. На крајот ѝ рекла: „Оди си дома ако ми приговараш и врати се кога ќе сфатиш дека сум возрасна и дека сум одговорна за себе – вели изворот, цитиран од Република.рс.

Фото:Принтскрин/ananikolicofficial/Часлав Вукојичиќ

Останати вести од Радио Милева