Радио Милева
идна мајка

Секси трудница: Вака изгледа Милена Антовска во поодминета бременост (фото)

Секси трудница: Вака изгледа Милена Антовска во поодминета бременост (фото)

Водителката Милена Антовска е бремена и во јануари 2022 година ќе се реализира во улогата на мајка по вторпат.

Имено, Милена и нејзиниот сопруг Гордан го очекуваат нивното второ дете, односно повторно ќерка.

Токму поради таа причина, Милена се повлече од ТВ екраните и утринската програма на Канал 5 телевизија.

Водителката не е активна на телевизија, но е активна на социјалните мрежи каде што знае да објави по некоја фотографија.

Овој пат, водителката позираше во модна комбинација прилепена за нејзиното тело во која јасно го покажа пораснатото трудничко стомаче.

Во фустан со висок шлиц, Антовска изгледа секси трудница.

Таа гостуваше и во „Жешко Столче“, каде што зборуваше на разни теми, за нејзината бременост, како ја поднесува, нејзините активности…

Како ја поминуваш бременоста?

-Малку ми е потешка бременоста. Со првото бебе воопшто како да не бев трудна до последниот ден, без излезена, одев на работа. Оваа бременост ми е потешка, но пак ми во граници на нормалата.Мене ми е чудно, затоа што со другото ми беше полесно.

Дали Милена е строга мајка?

-Ако го прашате сопругот, не доволно. Јас се сметам себе си за прилично строга, односно од оние мајки што не дозволуваат сė на децата и сметам дека така треба да биде во денешно време кога сė им се дозволува и кога се разгалени. Се трудам да одржам граници.

Антовска неколку пати ја менуваше Марјана во „Лото“, а сега откри дали можеби таа би била нова „Лото“ девојка.

-Не знам, не верувам. Марјана е препознатлива по тоа што е „Лото“ девојка и одлично си ја врши работата, многу ми е драга колешка. Не знам дали би ја менувала, можеби некогаш во иднина, никогаш не се знае.

Милена Антовска откри што мисли за македонската естрада, кој и е омилен македонски пејач/ка, за заработката од „Инстаграм“….

Целото интервју со Милена погледнете во видеото подолу.

Инаку, Милена и Гордан веќе ја имаат ќерката Лана Марија која наскоро ќе добие сестричка.

фото: принтскрин/инстаграм/милена антовска/жешко столче

Останати вести од Радио Милева