Радио Милева
делириум...

„Секс, дрога и Секулиќ Гога“: Пејачката на својот концерт ги фрли гаќичките во публика! (ФОТО)

„Секс, дрога и Секулиќ Гога“:  Пејачката на својот концерт ги фрли гаќичките во публика! (ФОТО)
Гога Секулиќ предизвика  еуфорија и вистински делириум на настапот во Калемегдан пред 10.000 луѓе, во моментот кога ги фрли гаќичките во публиката, а за возврат доби градник в лице.

Пејачката беше расположена, па пееше, танцуваше и и комуницираше со публиката, која особено се воодушеви кога им ја фрли долната облека.

Кога публиката и возврати со градник на сцената, одговорот на пејачката ги шокираше сите.

„Не носам градници, но сепак ви благодарам“, им рече Гога со насмевка.

„Сакам да се дружам со мојата публика. Настапот на Калемегдан беше фантастичен. Од првиот момент до последниот се беше совршено“, изјави Гога по настапот за српските портали.

Во публиката можеше да се забележи и едн необичен транспарент: „Секс, дрога, Секулиќ Гога“… Транспарент кој апсолутно соодветсвува со она што пејачката го прикажува… Секси до болка, со своите песни, изведба и воопшто целиот настап, Секулиќ Гога ја опи публиката како со своевидна дрога!

Фото: Инстаграм принтскрин/sekulicgoga

Останати вести од Радио Милева