Живот и Стил

Секоја жена треба да го јаде ова овошје во текот на зимата – еве и зошто

Секоја жена треба да го јаде ова овошје во текот на зимата – еве и зошто

Доколку сакате да ослабнете, да го исфрлите холестеролот, да воспоставите рамнотежа меѓу хормоните, секој ден треба да го јадете ова овошје.

Калинката се нарекува кралица на овошјето, но не поради круната која ја има на врвот од плодот, туку и поради своите корисни својства.

Сокот од калинка содржи дури 15 видови аминокиселини.

Кои се придобивките од калинката?

1. Го подобрува хормоналното ниво

Семето од калинката содржи масло кое ја враќа рамнотежата на вашите хормони во телото. Жените треба да го јадат ова овошје поради тоа што истото ја ублажува болката во текот на менструацијата, ја ублажува главоболката и помага при менопауза.

2. Делува како природен инсулин

Калинката е корисна и при дијабетес. 0,5 лажици сок од калинка 4 пати дневно го намалува шеќерот во крвта.

3. Го зголемува хемоглобинот

Луѓето кои патат од анемија се препорачува да пијат од 0,5 чаши сок од калинка 3 пати дневно 30 минути пред секој оброк во временски период од два месеци.

4. Ја дезинфицира усната празнина

Кората од калинката ја ублажува болката и го дезинфицира грлото и устата.

5. Го намалува крвниот притисок

Калинката исто така е неопходна за хипертензија затоа што е во состојба да го намали крвниот притисок без негативни последици на телото. Ова овошје исто така има смирувачки својства. Го смирува нервниот систем, ослободува од несоница и анксиозност.

6. Ја подобрува меморијата

Употреба на 8 грама сок од калинка во текот на четири седмици значително ги подобрува вербалните и визуелни способности.

извор: точка.мк