Радио Милева

Секое утро ја гледаме на ТВ екраните, а вака изгледаше пред 20 години: Ќе погодите ли која е оваа водителка?

Секое утро ја гледаме на ТВ екраните, а вака изгледаше пред 20 години: Ќе погодите ли која е оваа водителка?
фото: Принтскрин/инстаграм

Кога сте дел од јавниот свет постојано сте под будното око на камерите, а пред нив за оние кои ве гледат и следат треба секогаш да сте средени, позитивни, уредени и подготвени да соработувате со другата страна.

Посебно кога сте водител на некоја утринска емисија која се емитува од раните утрински часови, па во зори треба да го започнете денот и обврската да застанете пред камера.

Водителката Елена Стојановска имаме прилика да ја гледаме како водител на утринската емисија „Ја сакам Македонија“.

фото: Принтскрин/инстаграм

Неодамна таа преку социјалните мрежи откри какво е чувството да се биде пред камери во 5 часот наутро.

„На работа си од 5 сабајле и денот уште нема крај, среќа Верче Блажевска ме дотера, па сум си ок, го опиша Елена „селфито“ од работното биро“, напиша тогаш водителката.

фото: Принтскрин/инстаграм

Сите кои ја следат утринската емисија знаат како изгледа Елена сега пред камерите.

Меѓутоа, водителката пребарувајќи по нејзината архива наиде на видео од нејзината кариера кое досега сме немале прилика да го видиме.

„Точно пред 20 години ја водев музичката емисија 100%. Како лета времето“… напиша Ветерова во описот на видеото на кое ја води горенаведената емисија.

Вака изгледаше Стојановска на телевизија пред 20 години.

Останати вести од Радио Милева