Радио Милева
„мачкосана“...

Секасапилната фитнес инструкторка Aна Стојанова покажа како изгледа, кога некој „со поглед те соблекува“ (ФОТО)

Секасапилната фитнес инструкторка Aна Стојанова покажа како изгледа, кога некој „со поглед  те соблекува“ (ФОТО)

Атрактивната фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот, Ана Стојанова  не застанува. Минатата годината не само што и беше успешна, туку и повеќе од тоа – судбинска, откако вереничкиот прстен осамна на нејзината рака!

На почетокот на 2022-рата подготвувајќи се да се соочи со предизвиците на брачниот живот, не престана да им оди во пресрет и на предизвиците кои ја направија вирално позната, кои ги практикува до крајот на годинава .

Ана очигледно спремна за нова авантура подготвува и нова тура фитнес магии за сите што сакаат да имаат тело – вретено! Па кога онака ќе се соблечете по бикини зимоска во затворен базен, на некое спа или хотел, илки летоска на домашните или комшиските плажи, во вас да гледаат сите мажи, а жените да ги вртат главите и да ви завидуваат додека со крајот на окото љубоморно  ве гледаат, зашто како вас, тие ни одблизу не изгледаат.

А како тоа би изгледало најдобро е да се демонстрира сосопствен пример, на  „показна вежба“ среде зима. Затоа Ана пронајде „апликација“ која со еден клик покажува што носи под облеката!

Па наместо да се криеш под алиштата, сите да видат како би изгледало да имаш секси тело од соништата.

Облечена во бел волнен џемпер и бели хеланки, а под нив она што секој вистински маж го сонува, атрактивната инструкторка му го овозможи за миг: Да ја види Ана во секси долна облека со само еден клик!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Патем Стојанова упати повик до сите нејзини стари и нови приврзанички да и се придружат во новата програма која ја стартува наскоро, за новата година да ја дочекаат подготвено:

„До февруари е идеално време за да се ставиме во ред. Летото можеби ти изгледа премногу далеку, ама верувај дека ќе дојде побрзо од што замислуваш. Дочекај го спремна и мачкосана!“ – им порача Ана, уште еднаш покажувајќи како тоа изгледа да си „мачкосана среде зима“.

За во лето знаеме, или поточно памтиме од лани… Кој заборавил, еве мало потсетување на извајаното тело на згодната фитнес инструкторка и нејзините секси облини, во мини – бикини!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Прашање е само дали и на вакви фотографии „апликацијата“ што „со поглед соблекува“ функционира и е употреблива?

Или сепак, се’ останува на личната перцепција и „еротската фантазија“ на нејзината „машка армија“ обожаватели и следбеници на социјалните мрежи?

Фото: Инстаграм принтскрин/annstojanova

 

Останати вести од Радио Милева