Радио Милева

Сека Алексиќ проговори зошто не била во добри односи со својот татко

Сека Алексиќ проговори зошто не била во добри односи со својот татко

Пејачката Сека Алексиќ е родена во Зворник и е дете од мешовит брак.

Нејзиниот татко бил бравар, а мајка и служела во еден фудбалски клуб. Сека има и три години постар брат.

Алексиќ имала тешко детство, а кога животот почнал да и се претвара во бајка пејачката имала една мака.

Пејачката повеќе од една деценија не знаела ништо за нејзиниот татко, а најголема поддршка и бил нејзиниот брат кој и ја надоместувал татковската љубов.

Нејзиното тогашно момче Зоран успеало да ја убеди Сека да го побара нејзиниот татко.

foto: Printscreen/instagram

„Зоран долго време ме убедуваше дека треба да се смирам со мојот татко кого не го видов тринаесет години. Дознал дека е во Австрија и во една прилика ми кажа: „Ти правам виза и одиш во Австрија“, изјави пејачаката во една прилика.

 

View this post on Instagram

 

#red ❤️?? @ivankovicmilica_atelier @aleksandargligorievski_hair @irie_m @nemanja_novakovic @kristinabekvalac

A post shared by Seka Aleksić (@seka_aleksic) on


„Не можевме да го најдеме толку лесно бидејќи беше во затвор. Отидовме во Виена и успеавме некако да го најдеме. Плативме кауција и излезе од затвор. Но, не се опамети. Имав впечаток дека не му беше драго што ја виде ќерката после толку години. Му најдов стан, му давав пари за кирија, но тој од тие пари купувал алкохол. Од тогаш кренав раце од мојот татко и отогаш немам контакт со него“ искрено вели Сека.

Таткото на Сека почина на Бадник во 2017-та.

Останати вести од Радио Милева