Радио Милева
мајка и снашка

Сека Алексиќ менува професија: Пејачката го батали пеењето, влегува во водителски води (ФОТО)

Сека Алексиќ менува професија: Пејачката го батали пеењето, влегува во водителски води (ФОТО)

Сека Алексиќ станува ТВ водителка?! Пејачката работи напорно на своето телевизиско шоу, кое ќе се занимава со кулинарство, односно готвење. Како што се дознава, емисијата ќе се вика „Мајка и снашка“. Сека е целосно посветена на новиот проект.

„Ден и ноќ  работи на сценариото со свите соработници, дури и  ја дизајнира и сценографијата. Во шоуто, жените ќе се натпреваруваат со мајките на нивните сопрузи во подготвувањето храна. Сека Алексиќ ќе го води ова шоу рамо до рамо со познатиот готвач Радомир Раша Влачиќ“ – ја започнува приказната извор близок до пејачката. Тој додава дека Сека не сакала веднаш да ја прифати оваа работа.

„Долго време размислуваше дали ова е вистинскиот потег за неа, но бидејќи во моментов нема настапи поради коронавирусот и има вишок време, таа реши да ја прифати поканата. Нејзина најголема поддршка е сопругот Вељко, кој е воодушевен од нејзините готвачки можности и умешноста со која ги подготвува кулинарските специјалитети“.

Останати вести од Радио Милева