Радио Милева
шега на своја сметка

Сека Алексиќ доживеа непријатност на настап, но поради оваа незгода ги воодушеви сите: „Јас кога се обидувам да бидам дама!“ (фото)

Сека Алексиќ доживеа непријатност на настап, но поради оваа незгода ги воодушеви сите: „Јас кога се обидувам да бидам дама!“ (фото)

Пејачката Сека Алексиќ доживеала непријатност на настапот кога со микрофонот се удрила во окото додека се обидувала да ги соблече ракавиците. Сека Алексиќ разговарала со еден од колегите од бендот, не обрнувајќи внимание на микрофонот што случајно го закачила со раката, а по несреќата почнала да се смее и да се шегува на своја сметка.

– Еве, драга публико, вакви работи се случуваат кога се обидувам да изгледам како дама! Џабе се трудам, очигледно не ме бива – рекла Сека, а пола диско „умре“ од смеа.


Клипот стана хит на социјалните мрежи, а пејачката не се двоумеше да го сподели на своите социјални профили.

Пејачката Сека Алексиќ секогаш ја воодушевува публиката со својата природност, а малку е да се каже дека затоа и е миленичка на народот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сека Алексиќ

 

 

Останати вести од Радио Милева