Радио Милева
јасна и строга

Сека Алексиќ откри кој не сака да и доаѓа на настапите и местото не му е таму (фото)

Сека Алексиќ откри кој не сака да и доаѓа на настапите и местото не му е таму (фото)

Пејачката Сека Алексиќ организираше прес-конференција по повод настапот што ќе го одржи на новогодишната ноќ.

Пејачката воодушеви многумина со својот необичен стајлинг во кој нејзините облини дојдоа до израз, а проговорила и за сите актуелни теми.

– За мене оваа година беше работна година, ништо спектакуларно не се случи. Беше добра и  јас сум многу среќна. Важно е да нема ништо негативно што би сакала да го заборавам. Се беше како што планирав. Немам неостварени желби, не сакам нешто претерано, се оствари се што посакував – рече Сека, откривајќи дека во музичкиот свет владее криза кога се авторите во прашање.

– Проблемот е текстот и авторите, нема толку многу добри песни. Ќе го завршев албумот одамна ако можев се да составам. Планирам да го издадам во април, а можеби и ќе биде продолжен. Јас сум пејачка која работи 20 години, а некој што трае толку долго мора да има албум на секои две до три години. Дали вреди, зависи од поединецот, но ако сте вредни и инвестирате, секогаш се исплати.

Пејачката ги пофали и своите помлади колешки. – Ми се допаѓа албумот на Теа Таировиќ. Го почитувам секој колега кој работи напорно и вложува, тоа е за пофалба.

– Ништо не ми е тешко. Јас се жалам само кога не патувам. Навикната сум на тоа. Секој викенд сум во авион и кога имам пауза по Нова година, ми е чудно. Ако не работам, мислам дека нешто не е во ред. Работливa сум, најтешко е да ги одберам песните и да застанам зад нив. Сè друго е многу лесно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic)

Сека тврди дека од нејзините деца не би можела да пее на настапите  бидејќи Јаков и Јован се многу приврзани за неа.

– Не би сакала моите деца да бидат на настапите, тие се многу приврзани за мене и не би можела да пеам со нив. Тие се мали и не припаѓаат таму. Во девет часот веќе се во кревет – искрена била таа. 

Фото: Printskrin/Instgaram/seka_aleksic

Останати вести од Радио Милева