Радио Милева
не остана имуна

Сека Алексиќ ја исмеа Лепа Брена, а не го штадеше ниту Боба: Причина, кражба на струја

Сека Алексиќ ја исмеа Лепа Брена, а не го штадеше ниту Боба: Причина, кражба на струја

Сека Алексиќ ја нападна својата постара и популарна колешка Лепа Брена објавувајќи наслов во кој пејачката заедно со сопругот Слободан е обвинета дека „краде струја“.

Имено, иако барем досега се трудеше да не биде дел од естрадните војни, Алексиќ во последно време редовно коментира настани од јавниот живот, а истото беше и сега кога објави текст со наслов „Лепа Брена и Боба Живојиновиќ повторно крадеа струја“.

– Дали е ова шега или реалност? – праша пејачката со емотиконот „плачење од смеење“.

Овој потег на пејачката многумина на социјалната мрежа Твитер го окарактеризираа како провокација, а таа не навлегува во дополнителни објаснувања што точно сакала да постигне со споменатата објава.

фото:Инстаграм принтскрин/Twitter

Останати вести од Радио Милева