Радио Милева
трета среќа

Седум месеци по породувањето, Ана Севиќ е бремена по третпат, а сега го откри и полот на бебето

Седум месеци по породувањето, Ана Севиќ е бремена по третпат, а сега го откри и полот на бебето

Откако пред седум месеци се породи и стана мајка по вторпат, пејачката Ана Севиќ повторно е бремена.

Имено, таа и нејзиниот сопруг Даниел Недељковиќ го очекуваат нивното второ дете. Тие пред седум месеци добија ќерка за која го одбраа името Сена.

Ана  сега очекува принова и треба да се породи кон крајот на март, а убавите вести ги споделила само со семејството, пишува „Мондо“.

„Ана и Даниел после ќерката Сена чекаат момче. Ова вест го израдува целото семејство бидејќи имаа голема желба да добијат момче. Не се старомодни, туку станува збор за емотивна природа“, вели изворот и додава:

„Даниел изгуби брат и веста дека во семејството доаѓа момче ги направи среќни, почнувајќи од неговиот татко, па се до баба му и дедо му. Едвај чекаат и помагаат на Ана околи Сена, а посебно сега повторно е бремена“.

За потсетување, за Ана Севиќ ова ќе биде трето дете. Од бракот со Дарко Лазиќ ја доби ќерката Лорена, а пред неполна година со Даниел ја доби ќерката Сена.

Инаку, Ана и Даниел неодамна склопија брак во кругот на семејството и блиските пријатели.

фото: принтскрин/инстаграм/ана севиќ

Останати вести од Радио Милева