Радио Милева
нови информации

Се удавил во када: Веста за самоубиството на пејачот ја шокираше јавноста, а сега испливаа нови детали

Се удавил во када: Веста за самоубиството на пејачот ја шокираше јавноста, а сега испливаа нови детали

Веста дека младиот пејач Арон Картер се самоубил на 34 години го шокираше целиот свет. Тој беше пронајден мртов во када во неговиот дом во Калифорнија, а сега се познати одредени детали до неговата смрт.

Познато е дека пејачот имал неколку дијагнози, повеќекратно растројство на личноста, шизофренија и акутна анксиозност, а сега е познато што открила полицијата во бањата каде си го одзел животот. Имено, околу кадата имало расфрлани апчиња кои ги добивал на рецепт и празни шишиња, како и голем број лименки со компримиран воздух.

– Злоупотребата на инхалатори или производи наменети за вдишување, како што е компримиран воздух, може да предизвика трајно оштетување на мозокот што може да доведе до неповратни невролошки дефицити, според американските центри за зависности. Вдишувањето компримиран воздух, исто така, може да доведе до напади, кома и ненадејна срцева смрт – дури и кај корисници кои првпат ќе го користат, известува Клиниката во Кливленд. Покрај тоа, замената на кислородот во белите дробови со отровни испарувања од инхалаторот може да доведе до задушување.

Картер за прв пат призна дека е зависник од „дување“ за време на шоуто „Доктори“ во 2019 година. Во тоа време, тој тврдеше дека неговата покојна сестра Лесли Картер го запознала со оваа навика. За жал, Лесли фатално се предозирала и во 2012 година кога имала само 25 години.

Не е јасно дали Арон се борел со активна зависност во моментот на неговата смрт. Сепак, TMZ минатиот месец објави дека полицајците се појавиле во неговиот дом на безбедносна проверка откако обожавателите кои го гледале неговиот Инстаграм во живо се загрижиле за него. Извори потврдија дека на местото на настанот тогаш не била пронајдена дрога и дека полицајците не забележале криминални активности.

Да потсетиме, во неколку наврати се пишуваше за неговиот проблематичен однос со братот и сестрите. а во 2019 година поднел тужба против сестрата на Лесли, која подоцна починала под неразјаснети околности поради злоупотреба на дрога. Тој тврдеше дека таа сексуално го злоставувала од 10 до 13 години, кога Лесли не земала препишани лекови. За истото го обвини и неговиот познат брат Ник, кој беше член на бендот „Бекстрит бојс“ и рече дека малтретирал друг член од нивното семејство. Тимот на Ник успеал да ги отфрли тужбите на суд, но и да издејствува забрана за приближување против Арон откако тој рекол дека сака да ја убие бремената сопруга на својот брат, пишува Телеграф.

фото:Инстаграм

Останати вести од Радио Милева