Радио Милева
Мистерија

Се расплака пред сите: Сопругата на Михаел Шумахер првпат се појави откако ја обвинија дека ја доведува јавноста во заблуда (фото)

Се расплака пред сите: Сопругата на Михаел Шумахер првпат се појави откако ја обвинија дека ја доведува  јавноста во заблуда (фото)

Сопругата на Михаел Шумахер најпосле во јавност.

Откако пред девет години повеќекратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер доживеа страшна повреда на главата, неговата здравствена состојба е целосна мистерија. Поранешниот агент и пријател на Шуми, Вили Вебер неодамна излезе со шокантни тврдења дека семејството на германскиот ас цело време ја мамело јавноста и дека сопругата конечно ќе мора да ја каже вистината.

И токму во екот на обвинувањата, Корина Шумахер се појави во Келн за да добие специјална награда од покраината Северна Рајна-Вестфалија за хуманитарен ангажман во име на нејзиниот сопруг. На церемонијата присуствуваше и нивната ќерка Џина.

Љубовната приказна на Мајкл и Корина започна во 1991 година, пред тој да стане светски шампион во возење формула.

Приватниот живот го држеа подалеку од медиумите, а додека таа цврсто се придржува до својот завет за молчење, за сето ова време даде само неколку кратки изјави. Таа уште поретко се појавуваше во јавноста. Ова беше ретка можност да ја видиме.

фото:Getty Imagea

Останати вести од Радио Милева