Радио Милева
честитки

Се породи Луна Ѓогани: „Ми ја донесе принцезата за која ќе се борам“

Се породи Луна Ѓогани: „Ми ја донесе принцезата за која ќе се борам“
фото: Ф. Јовановиќ/рас србија

Луна Ѓогани се породи и на свет донесе девојче за кое го одбраа името Миа.

Сопругот на Луна, Марко Миљковиќ се огласи на социјалните мрежи и испрати емотивна порака на  Луна.

„Драга моја, на свет ми ја донесе мојата принцеза која ќе ја сакам, ќе ја обожавам, ќе се борам за неа….Ти благодарам, те сакам“, напиша Миљковиќ.

фото: Инстаграм

Инаку, Луна се породи во приватна болница со царски рез. Марко сакал да присуствува на породувањето но поради ситуацијата со коронавирусот, лекарите не му дозволиле.

Ова е прво дете на Луна и Марко. Во семејството се подготвува прослава.

 

Останати вести од Радио Милева