Радио Милева
трагедија

Се појавија први фотографии од Алек Болдвин откако на сет ја уби директорката на фотографија (фото)

Се појавија први фотографии од Алек Болдвин откако на сет ја уби директорката на фотографија (фото)

Холивудскиот актер Алек Болдвин ја усмрти директорката на фотографија  Халина Хачинс (42), а го повреди режисерот Џоел Соуза на сет за време на снимање на филм.

Несреќата се случила за време на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот Бонанса Крик, популарна филмска локација јужно од градот Санта Фе.

Досега никој не е обвинет,  ниту е поднесена кривична пријава. Обвинителите ги испитуваат сведоците, а истрагата е во тек.

Од продукцијата на филмот „Rust“ тврдат дека до несреќа дошло поради неправилно користење на оружјето.

Актерот разговарал со полицијата, а по разговорот ја напуштил станицата. На Твитер се појавија и први фотографии од расплаканиот и шокиран Алек направени веднаш по несреќата.

Фотографиите ги објави „Santa Fe New Mexico“, на едната фотографија Болдвин разговара на телефон, а на другата плаче.

фото: santa fe new mexico

Останати вести од Радио Милева