Радио Милева

Се појавија нови докази- мистеријата за убивството на пејачката Јелена конечно ќе биде откриена?

Се појавија нови докази- мистеријата за убивството на пејачката Јелена конечно ќе биде откриена?

Познатата пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена и пронајдена мртва во еден канал, а оттогаш често се пишува за нејзината смрт и кој е виновникот. По многу полемики се појавија и нови докази кои можеби ќе го откријат вистинскиот убиец.

„На прстот постои убод од заб. Тоа е мала, ситна линија која настанала кога убиецот ја гризнал Јелена додека се борела со рацете за да го заштити лицето, пишува во извештајот на американските форензичари.

Оваа линија не беше пронајдена на обдукцијата на телото во Србија.

„Раната на прстот ја пронајдоа форензичари во Америка. На основа на нејзината фотографија и трагите пронајдени на нејзиното тело веднаш по извлекувањето од каналот во Борча, направени се анализи, со што се откри ДНК на човекот кој најверојатно учествувал во нејзината тортура и убиство.

Во извештајот пишува дека десната рака на Јелена била изгорена од киселина, додека пак прстите не левата рака биле потопени во киселина, а црвениот лак за нокти бил со сила отрстранет.

Исклучена е можноста дека Јелена е убиена во каналот поради недостаток на вода во белите дробови и стомакот.

Останати вести од Радио Милева