Радио Милева
нападнати

Се обиделе да го убијат таткото на Рада Манојловиќ! Му го превртеле автомобилот – пејачката проговори за страшните детали (фото)

Се обиделе да го убијат таткото на Рада Манојловиќ! Му го превртеле автомобилот – пејачката проговори за страшните детали (фото)

Рада Манојловиќ многу  му помага на татко и, му изградила куќа, му ја купила целата земјоделска механизација, инвестирала во имотот, се грижи за неговото здравје бидејќи никогаш не заборавила колку се жртвувал за неа. Тој и беше најголемиот поддржувач на неговата ќерка во животот и кариерата уште пред Рада да дојде во продуцентската куќа на Саша Поповиќ и да почне да се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“.

Тинејџерските години ги поминала пеејќи на крштевки, свадби и испраќања, а ваквите настапи се секогаш ризични бидејќи гостите на прославите главно немаат почит кон пејачките. Во една прилика за малку ќе беше убиен нејзиниот татко Раде.

– Татко ми беше жртва во периодот кога работеше како мој менаџер. Никогаш нема да заборавам кога се обидоа да го убијат со превртување на автомобилот во кој спиеше и со вадење на воланот. Бев преплашена, но за среќа тој излезе неповреден. Татко ми е исклучително вешт и снаодлив човек, а ние имавме среќа – изјави еднаш за медиумите  Рада и опиша дека и таа била нападната:

– Еднаш пијан гостин со наполнет пиштол пукна под шаторот каде што пеев и извика: „Ќе ве убијам сите“. И тоа само затоа што пејачот со кој работев тогаш не знаеше да ја пее песна што ја бараше. Единственото нешто што ме натера да се чувствувам заштитено тогаш беше тоа што татко ми беше со мене. Инаку, не се срамам што пеев на такви места. Исклучително сум горда на тоа – вели Манојловиќ.

Фото:Принтскрин/Инстаграм

Останати вести од Радио Милева