Радио Милева
ја запросил за време на одморот

Се мажи Никол Шерцингер: За време на одморот се верила со седум години помладиот рагбист (фото)

Се мажи Никол Шерцингер: За време на одморот се верила со седум години помладиот рагбист (фото)

Пејачката Никол Шерцингер (44) наводно се верила со седум години помладиот рагбист Том Еванс (37) и наскоро планираат свадба, објави „Мирор“.

Тие се заедно од почетокот на 2020 година, а извор близок до парот вели дека Еванс ја запросил пејачката во текот на изминатите неколку недели додека беа на одмор во Европа. Двојката штотуку се вратила од одмор во Миконос, Грција, каде што се верува дека Еванс ја запросил.

Никол и Том се запознаа благодарение на шоуто „X Factor: Celebrities“ кое се емитуваше на ITV во 2019 година.

Во шоуто, Никол беше член на жириската комисија, додека Том беше натпреварувач во импровизацискиот бенд наречен „Try Star“, заедно со колегите рагбисти Леви Дејвис и Бен Фоден.

Иако групата не успеа да ги импресионира гледачите, Том го привлече вниманието на Никол и гледачите беа вчудоневидени кога го видоа парот како флертува во шоуто.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/nicolescherzinger

Останати вести од Радио Милева