Радио Милева
време е за бурма...

Се мажи Драгана Катиќ – водителката на познатото музичко шоу за возрасни таленти: „Никогаш не доцна“, ама… никако да дојде? (ФОТО)

Се мажи Драгана Катиќ – водителката на познатото музичко шоу за возрасни таленти: „Никогаш не доцна“, ама… никако да дојде? (ФОТО)

Драгана Катиќ се мажи – е првото нешто што ќе ви падне на памет кога ќе ја видите најновата фотографија на „Инстаграм“ која на нејзиниот профил ја споделила  водителката на музичкото шоу за возрасни, „Никогаш не е доцна“.

 

Имено, Драгана неодамна на социјалните мрежи се пофали со бурмата која ја купила, а подолу напиша дека се работи за два споени прстени.

Сите се понадеваа дека водителката конечно решила да стапне на лудиот камен со новиот избраник, со кој е во врска веќе извесно време.

За Драгана ова би била прва венчавка во животот, бидејќи никогаш не се омажила за починатиот татко на нејзините синови, близнаците Бобан и Бојан, а сакала некој да ја сака до крајот на животот и да и биде ослонец и поддршка.

За жал, ниту овој пат не станува збор за свадба. Имено, водителката се пофали само со ново парче накит, а којзнае можеби несакајќи го насетила нејзиниот брак.

„Се мажи Драгана Катиќ“ е наслов кој секако убаво би звучел, а според многумина, време и е да си свие гнездо покрај саканиот човек, особено сега, кога нејзините синови го напуштија семејниот дом во потрага по сопствената среќа.

Фото: Инстаграм принтскрин/dragana_katic

Останати вести од Радио Милева