Радио Милева
се' е ок

Саша Поповиќ изнесе детали од бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, еве како се однесува парот кога никој не ги гледа

Саша Поповиќ изнесе детали од бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, еве како се однесува парот кога никој не ги гледа

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ постојано е главна тема во медиумите.

Имено, откако во медиумите протече аферата на Карлеуша дека наводно го изневерувала Душко со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, отогаш речиси па секојдневно се пишува дека е крај на бракот меѓу популарната двојка.

Јелена во една прилика истакна дека не се разведува и дека се е во ред.

Исто така, кога Душко славеше роденден, парот по долго време првпат беше виден заедно.

Екс директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ сега откри како стојат работите меѓу Јелена и Душко.

Имено,  тој откри дека имал прилика да ги запознае и да поминат неколку дена на одмор.

Тој тогаш видел како вистински функционира парот, па го прокоментира нивниот брак.

„Со децата беа кај нас на јахта, одлично се согласуваа. Се е океј“, изјави Поповиќ за Скандал и додаде дека нема ништо од разводот.

„Не, тие се убава и сложна фамилија. Не знам дали девојките повеќе го сакаат татко им или мајка им. Се тоа ми изгледаше убаво и многу ми мило поради тоа. Пловевме секој ден, одевме на острови, се дружевме. Навистина се сложно семејство и мило ми е поради тоа“, вели Поповиќ.

фото: гранд онлајн/ Бошко Карановиќ/ инстаграм карлеуша стар

Останати вести од Радио Милева