Радио Милева
сега е на него ред

Саша Поповиќ го разврза јазикот и проговори за „Ѕвездите на Гранд“: „Јас не го назначив Мили за директор“

Саша Поповиќ го разврза јазикот и проговори за „Ѕвездите на Гранд“: „Јас не го назначив Мили за директор“

Саша Поповиќ откри дека и следната сезона жирито во „Ѕвездите на Гранд“ ќе остане непроменето.

„Жирито останува исто, освен ако некој се предомисли и не се откаже. Иако не верувам во тоа, таа столица многу вреди“, вели тој и додава:

„Јас не можам никако да го сменам Мили. Сопствениците одлучија тој да биде директор. Неговата задача е да подготви песни за кандидатите и сега ми е полесно бидејќи јас повеќе не го работам тоа. Јас и Жика тоа го правевме со години, сега е ред на Мили“, вели Саша.

Поповиќ откри и во какви односи е со Зорица Брунцлик која по неколку години се врати во Гранд.

„Не се сретнавме, ниту се слушнавме, но ги средивме односите. Зорица беше во „Специјал“, а подоцна и кај Жика во емисијата. Ја почитувам, таа можеби беше најдобриот член на жирито“, вели Поповиќ.

фото: ата имагес/ принтскрин/инстаграм/зорица брунцлик

Останати вести од Радио Милева