Радио Милева
гол во „поштенското сандаче“...

Сара Мејс иако тазе породена се сликаше разголена, па го возбуди Инстаграм, ама најмногу и некој друг – нејзиниот сопруг! (ФОТО)

Сара Мејс иако тазе породена се сликаше разголена, па го возбуди Инстаграм, ама најмногу и некој друг – нејзиниот сопруг!  (ФОТО)

Македонската харфистка и пејачка Сара Мејс како што е веќе познато неодамна се породи и стана мајка по втор пат. Обично некое време по породувањето жените не сакаат многу да го покажуваат своето тело ниту на најблиските, а камо ли јавно. Речиси сите, но не и таа… Сара!

Неодамна таа храбро и самоуверно се соблече да позира во долна облека по повод снимање реклама за еден познат бренд за долна облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)

Сега Сара реши да искористи неколку од фотографиите за реприза со поента… И тоа животна!

Имено, пејачката во бордо долна облека само по градник и гаќички и свилен пењоар реши да го збогати својот фото-репертоар, па да сподели малку  возбуда во јавноста, при тоа  споделувајќи ја и својата животна визија за постпородилната голотија.

„Не е важно да сме совршени, не е важно да сме под исти калап сите најслаби, највитки, најманекенки. Важно е да си го сакаме телото, кожата, себеси и животот.
Животот е прекрасен кога се чувствуваш убаво и удобно во своја кожа и кога го живееш на максимум (насмеана)
Ме прашуваа како ќе сликаш, само што се породи?! …Дечки, важно е ТИ како се чувствуваш. И каква енергија ТИ произведуваш. Останатото се прилагодува на првите две“ – споделила Сара покрај  „скокотливата“ минии фотосесија која предизвика чудесија кај нејзините обожаватели и Инстаграм следбеници, ама и кај некој друг. Очекувано или не, највозбуден нејзниот сопруг.

Имено, откако позите на неговата убавица во долна облека „го заскокоткаа“,  познатиот водител и маркетинг менаџер Димитар Андоновски не одолеа љубопитно јавно да праша:

„Има и со голи слики? Добро де, да знам“?

На тоа сексапилната сопруга на водителот веднаш му возврати:

„Опааа, ќе гори инстаграмов, а? – посакувајќи си еротска желба: „Го сакам Димитар гол во поштенско сандаче“!

„Уживај дека ќе биде у сандаче“ – јавно се израдува водителот со брза рекција веднаш подготвен за „акција“. Арно ама…

Наместо „акција“  Димитар доби домашна задача од друг тип.

„Домашната работа“  од „поштенското сандаче“ очигледно мораше да би де одложена или барем некое време да почека… Додека не заспијат децата!

 

Останати вести од Радио Милева