Радио Милева
Апетитот порасна

Сара Мејс е привилегирана родилка во болница: Пејачката прати поздрав со бебето во рацете (фото)

Сара Мејс е привилегирана родилка во болница: Пејачката прати поздрав со бебето во рацете (фото)

Сара Мејс пред четири дена на свет го донесе своето второ чедо – таа роди син кој го доби името Кирил.

Среќната мајка се уште е во приватната болница каде што се породи, па големиот празик Илинден и именден на нејзината ќерка Илина го помина во породилиштето каде ги мама и Кирил ги подготвуваат за заминување дома.

Во меѓувреме, тато Димитар организираше прослава со мекици, а вчерашниот ден празнично го помина во горвење заедно со ќерката. Мама Сара пак им беше вклучена на видео повик заедно со бебето во рацете.

Насмеана и пресреќна Сара зборуваше со славеничката Илина која со нетрпение ги очекува мама и братчето да си дојдат дома.

Сара не ги остава социјалните мрежи дури и вака тазе породена, па откри и една преписка со сопругот во која му кажува дека апетитот и пораснл, па си побарала порција плус.

Инаку, во текот на бременоста Сара Мејс беше активна трудница во секој поглед, но внимаваше на исхраната за да не ја помине границата со килограмите. Во последните недели од бременоста, таа направи семејна фотосесија каде во фокус беше трудничкиот стомак.

Останати вести од Радио Милева