Радио Милева
во потрага...

Сара Мејс бара помош: Него го нема, а деновите се неизвесни и празни: „Ве молам помогнете, само без мудрување“ (фото)

Сара Мејс бара помош: Него го нема, а деновите се неизвесни и празни: „Ве молам помогнете, само без мудрување“ (фото)

Сара Мејс и Димитар Атанасовски деновиве живеат една напната и неизвесна реприза од реалноста која ја искусуваат повторно после три години.

Виновник за истата е Атос или како штио тие го нарекуваат „кучето човек“. Златниот лабрадор кој неколку години е важен член на семејството, повторно го нема, а Сара преку социјалните мрежи побара помош од следбениците и сите оние што можеби ќе го видат нивниот миленик.

Она што потенциташе загрижената сопственичка, се однесуваше на тоа дека не се потребни пораки со мудрување, бидејќи од помош ќе биде суштествена информација за залутаниот пес низ скопска Пинтија каде што тие живеат.

-Дечки, ве молам помогнете. Дали случајно некој го видел Атос (возрасен жолт лабрадор со ремче) низ Пинтија? Го нема од вчера… Ве молам пишете ми ако некој знае нешто… И ве молам без мудрување дечки. Ако имате инфо пишете, ако немате инфо би Ве замолила да „скипнете“ сторињава. Со љубов!- пишува Сара Мејс во описот на фотографиите објавени на нејзините „стори“ од Инстаграм.

Веруваме дека освен Сара и Димитар, отсуството на Атос особено го чувствуваат нивните наследници, Илина и помалиот Кирил кои и тоа како се приврзани и навикнати на нивното крзнено пријателче кое им е „дадилка“ уште од пелени.

Темпераментниот Атос за време на корона пандемијата во 2020 година беше исчезнат една недела, но тогаш самиот се врати дома, а тогаш Сара напиша дека изгледал како да бил во војна.

Веруваме и се надеваме дека репризата како и тогаш ќе има среќен крај, а Сара, Диме и малите Илина и братчето Кирил повторно ќе го имаат најверниот пријател до себе.

фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс

Останати вести од Радио Милева