Радио Милева
топ тим

Сања Савеска позираше во комбинација со боите од „Брза кујна“, па им поласка на шефовите Марк и Никола: „Покрај тоа што готват фантастично, тие се и вистински шоумени“

Сања Савеска позираше  во комбинација со боите од „Брза кујна“, па им поласка на шефовите Марк и Никола: „Покрај тоа што готват фантастично, тие се и вистински шоумени“

Водителката Сања Савеска една година е домаќин на кулинарското шоу „Брза кујна“ кое се емитува секој ден на Сител телевизија.

Имено, шефовите на Марк и Никола заедно со натпреварувачите, односно тимот на пиперките и тимот на доматите подготвуваат разни специјалитети за само 20 минути.

Сања Савеска дојде на местото на Александра Илеивска која остана бремена и замина на породилно. Новата водителка на кулинарското шоу одлично се снајде во нејзината нова улога и често добиваше позитивни коментари за нејзиниот ангажман.

Таа е активна на социјалните мрежи, па често споделува фотографии од снимањата, па често е во друштво на готвачите.

Овојпат, водителката објави фотографија на која позира во комбинација во боите на „Брза кујна“, односно црвена и зелена.

Савеска горе на себе има зелена блуза (како тимот на пиперките), во комбинација со црвено здолниште (тимот на доматите), а до неа се шеф Марк и шеф Никола.

-Во боите на Брза кујна. Затоа што и двата тима се неверојатно добри , а врвните шефови освен што готват фантастично ,се и вистински шоумени, па секој работен ден заедно се забавуваме и ви носиме убава енергија, напиша таа покрај објвата.

Фесјбук пријателите на Сања оставија лајк  на објавата, а некои ја опсипаа со позитини коментари.

„Ангел од жена“, „Со задоволство ја гледам емисијата“, „Ве сакам сите, толку сте ми мили и прекрасни“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат под објавата.

фото: Инстаграм/сања савеска

Останати вести од Радио Милева