Радио Милева

Сања Цинцева конечно влезе во студио: Барбика подготвува нов хит со Џамбо Агушев (ФОТО)

Сања Цинцева конечно влезе во студио: Барбика подготвува нов хит со Џамбо Агушев (ФОТО)

Пејачката Сања Цинцева или како што многумина ја знаат, Сања – Барбика , после подолга музичка пауза деновиве влезе во студио. Имено, сексапилната струмичанка наскоро ќе ја изненади публиката со нова песна, а темата е снимена во студио ХЛ  на Дејан Момировски.

Сања на социјалните мрежи објави неколку фотографии преку кои откри како минува снимањето, а друштво во песната и прави и маестралниот Џамбо Агушев со кој Сања е добра пријателка долги години наназад.

Текстот на песната го потпишува теекстописецот Борче Нечовски, а пејачката накусо ни откри дека за фановите подготвува големо изненадување, но не сакаше да открива дополнителни детали.

„Со добар тим успехот е неизбежен, а за успехот многу наскоро ќе слушнете. Џамбо и Барбика – Хит мејкери!“, напиша пејачката под заедичката фотографија од тимот на „Инстаграм“.

Инаку, пејачката е доста актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања, а сними и неколку песни на српски јазик кои поминаа прилично забележително.

Останати вести од Радио Милева