Радио Милева
телесен раскош на увид

Сања – „Барбика“ како по навика… разголена покажа доволно, за секое машко чедо да биде задоволно од глетката кон фолкерката! (ФОТО+ВИДЕО)

Сања – „Барбика“ како по навика… разголена покажа доволно, за секое машко чедо да биде задоволно од глетката кон фолкерката! (ФОТО+ВИДЕО)

Откако ја „запали“ јавноста со својата последна песна „Ковид и Секс“ од која стиховите од типот: „Дај вакцинирај ме, не игнорирај ме…“ и сл. ги заскокоткаа особено машките љубители на домашниот турбо-фолк, сексапилната струмичанка Сања „Барбика  Цинцева не се симнува од насловните страници на она малку весници што останаа и интернет порталите.

Едни ја пофалија за храброста, други за идејата на забавен начин да ја искористи коронапандемијата, додека на трети не им се допадна ама баш ич, па прогласувајќи ја песната за шунд и кич, ја обвинија пејачката дека  се потсмева и поигрува со катастрофата која зацрни многу човечки судбини и одзеде илјадници животи, а таа ни пет, ни шест, веднаш им возврати на хејтерите преку социјалните мрежи во стилот: „Толку ви е капацитетот да процените“… Со поздрав за крај:

„Ве сака Сања Барби, наскоро се гледаме и дружиме на најдобрите забави!
П. С. Сигурна сум дека на истите често ќе ја барате да ја пеам Ковид и секс“ – дословно им порача струмичката Барбика.

И додека уште „прашината не беше ни легнала“, Барби предизвика нова бура. Овој пат визуелна, откако расната струмичанка сподели кусо видео со детали од една од своите некогашни секси фотосесии, на кое Сања – „Барбика“  како по навика… разголена покажа доволно, за секое машко чедо да биде задоволно од глетката кон фолкерката!

Во црно деколтерано боди кое го открива сиот нејзин телесен раскош, во високи потпетици на „шнираните“ сандали  до колена, Сања – „Барбика“ онака разголена го распослала сиот свој сексапил кој го поседува.

Расна, бујна, надарена, фолкерката покрај песната, чисто онака потсети со што се’ располага и дека нејзиното време допрва доаѓа.

Вака пожелна и заводлива, Барби одново покажа дека просто за многумина е неодолива, како на сцената, така и надвор од неа… Конечно атрактивната фолкерка се’ уште е мома, ама затоа пак, дали е соло или зафатена,  јавно не се изјаснила.

Освен онаа изјава во едно од интервјуата за магазинот „Бекстејџ“, каде  Барби  максимално „се отвори“ па призна, дека меѓу добро ситуиран постар маж и помладо момче, би го избрала она – второто.

Од едноставна причина што парите и самата може да си ги заработи, а помладите се сепак во подобра кондиција за… „оние работи“!

А вие уште еднаш погледнете ја, па сами заклучете… за што се работи!

Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/Sanja Cinceva

Останати вести од Радио Милева