Радио Милева
ужива да крстари

Сандра Африка купува јахта од пола милион евра: Две спални, бања, кујна… Пејачката го состави списокот од желби (фото)

Сандра Африка купува јахта од пола милион евра: Две спални, бања, кујна… Пејачката го состави списокот од желби (фото)

Фолк пејачката Сандра Африка ова лето повторно работи напорно, а ќе заработи толку многу што ќе се почасти, ни помалку ни повеќе туку со луксузна јахта!

Атрактивната бринета веќе има брод по кој многумина ја препознаваат на брегот на Црна Гора, но покрај тоа што го има со години и што и здосади, на пејачката и стана премало, па таа решила да се почести со поголем и полуксузен.

– Сандра го сака летото и морето, но особено не сака да оди на плажа. Сака да биде сама или да е изолирана со пријатели далеку од очите на јавноста и обичниот свет, па да плови е идеално решение. Сандра може да оди со брод до отворено море или да крстари од место до место, да ги посети островите и да ужива. Така правела сите овие години кога била во Црна Гора, но сфатила дека е време да купи поголемо пловило.

Пејачката се консултирала со наутички експерти и напишала список со нејзините желби, а тие го пронашле идеалното средство за морски превоз, наведува изворот.

– Новата јахта ќе ја чини Африка околу 500.000 евра. Ќе има две спални соби, надворешен дел сличен на дневна, бања, кујна и тоалет, а во согласност со времето во кое живееме, сите команди ќе може да се извршуваат преку апликации за мобилни телефони. Сандра сакала нешто што би можело да се нарече паметна јахта, иако, како што е задолжително, ќе има и екипаж за време на пловењето – откри изворот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Сандра Африка

Останати вести од Радио Милева