Радио Милева
„One man пакувач“

„Само Тони…“ вака пакува новогодишни подароци… сосе двете жени! (ФОТО)

„Само Тони…“ вака пакува новогодишни подароци… сосе двете жени! (ФОТО)

Познат е како „one man band“, а всушност тоа не е точно, зашто Антонио Ристески во бендот е единствениот маж, ама не е сам. „Само Тони и две жени“  има не една, туку  две понежни половини, односно третини! Зашто,  2/3 од бендот му се жени!

А кога се жени во прашање, тешко е со една да излезеш на крај, а камо ли со две! Така и Тони! Ајде што со нив  мора да го дели професионалното парче леб, ама понекогаш мора и приватно да поделат некои работи. Така, Тони сакаше да биде Дедо Мраз со две Баба мразици, па „Само Тони и две жени“  решија да поделат пакетчиња, или поточно новогодишни подароци на некои своите најдраги.

Претходно седнаа крај елката, се наштимаа и во новогодишно-божиќен амбиент им отсвирија и отпејаа една песна… За да им покажат колку „се возбудени“ што ќе делат подароци!

Потоа дојде ред подароците да се спакуваат… Е тука дојдоа до израз бројчаната надмоќност и женскиот табиет, па Тони се најде во небрано. Тој сам, тие две, оди па разбери се како треба да се пакуваат подароците. Ама Тони не би бил фраер со две жени, ако не може со нив да излезе на крај!

Кабелот со новогодишните светилки и лепливата лента за пакување подароци го решија проблемот! Прво ги спакува колешките, а потоа, „Само Тони…“ на мир сам си ги пакуваше подароците… по свое!

 

Останати вести од Радио Милева