Радио Милева
дружба - тужба

Само што почнаа и веќе „војуваат“: Цеца го поткачи Мили во „Ѕвездите на Гранд“: „На суд сме, но комуницираме“

Само што почнаа и веќе „војуваат“: Цеца го поткачи Мили во „Ѕвездите на Гранд“: „На суд сме, но комуницираме“

На 18 септември започнува новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“,  а во жирито наместо Јелена Карлеуша ќе биде Цеца Ражнатовиќ.

Продукцијата ја објави најавата за првата емисија, а во неа водителката откри во какви односи е со Александар Милиќ Мили.

„Јас и Мили разговараме бидејќи сме цивилизирани луѓе. Од друга страна, ние сме на суд, ништо лично“, изјави Цеца.

Саша Поповиќ ја праша зошто ја прекинале соработката, а Цеца запеја стих од нејзината песна „Ночас куча части“.

„Должен си ми брдо пари, за добрите времиња, но Цеца секогаш части“, одговори Ражнатовиќ, а како ќе реагира Мили останува да видиме во првата емисија која започнува оваа сабота.

Во продолжение погледнете ја најавата.

фото: дамир дервишагиќ/принтскрин/јутуб

Останати вести од Радио Милева