Радио Милева
Универзумот и прати знак

„Само ние двајцата“: Јелена Јованова рамо до рамо со Бред Пит (ФОТО)

„Само ние двајцата“: Јелена Јованова рамо до рамо со Бред Пит (ФОТО)
фото:јелена јованова/инстаграм

Нашата позната актерка со хрватска адреса, Јелена Јованова, или периодов кај повеќето попозната како рецепционерката Јелена од Драчево, и недостасува на македонската публика која со нетрпение го очекува почетокот на новата сезона  на хумористичната ТВ серија „Преспав“.

По завршувањето на  4-тото продолжение на популарниот ситком, Јелена се обрати на својот Инстаграм.

„Сите приказни доаѓаат до крајот. Ви благодарам на сите што бевте тука за нас, што не поддржавте, споделувавте вашето мислење, што не сакавте! Благодарам што бевте најдобрата публика. До следниот пат!“ – пишува Јелена.

фото:јелена јованова/инстаграм

Но, за Јелена ретко има пауза од работа, бидејќи таа  успешно ја гради својата кариера и пошироко од регионот. За потсетување, таа во 2011 година ја доби улогата на Есма во филмот „Во земајата на крвта и медот“, кој го режираше Анџелина Џоли. Во таа прилика и за оваа значајна улога, Јованова се спријатели со Џоли, а своевремено изјави дека се уште е во контакт со неа.

фото:јелена јованова/инстаграм

Со Анџелина се гледаа непосредно, а со Бред Пит се рамо до рамо. И тоа на иста трафика.

Имено, актерката на својот Инстаграм објави фотографија на која е заедно со холивудскиот актер, до душа таа на сканди, тој на судоку.

„Само ние двајцата“ – напиша Јелена во описот на објавата.


Како што тргнала, ако веќе успеа да работи заедно со Анџелина Џоли, зошто да не и со Бред Пит, па од сканди и судоку на трафика да преминат и на филмски сет во практика!

Останати вести од Радио Милева