Радио Милева
мега сан во стан

Само Карлеуша има, што никој дома нема: Среде пандемија, пејачката фрли огромни пари за (не)потребен луксуз (ФОТО)

Само Карлеуша има, што никој дома нема: Среде пандемија, пејачката фрли огромни пари за (не)потребен луксуз (ФОТО)

Пејачката Јелена Карлеуша не штеди пари дури и за време на вонредна состојба. Таа среде пандемијата од коронавирусот, се фрли на онлајн шопинг, па преку иИнтернет нарача нешто, што сега само Карлеуша дома го има, а никој друг го нема. 

Имено, штом и стигна, русокосата веднаш на Инстаграм се пофали со новата играчка, чија цена воопшто не е играчка и чини околу 5.000 евра.

Уште не поставен и не монтиран, додека луѓето што и го истоварија се трудеа да и објаснат како функционира, Карлеуша реши веднаш да го фотографира, па сликите ги сподели за да се пофали.

Сега и да врне и  да вее и корона да коси, пејачката на солариум никој не ќе мора да ја носи, зашто русокосата дама, сега може да се сонча и од дома сама.

А потоа не се сомневаме дека веднаш ќе ги сподели фотографиите за да види целата нација, како Карлеуша е потмента и во изолација!

 

 

Останати вести од Радио Милева