Радио Милева
Фановите разочарани

Саманта дефинитивно нема да ја гледаме во „Сексот и градот“, а шпекулациите излегоа вистина

Саманта дефинитивно нема да ја гледаме во „Сексот и градот“, а шпекулациите излегоа вистина
фото:профимедиа

Серијата „Сексот и градот“ беше премиерно прикажана во 1998 година и веќе со првата епизода постигна светски успех.

Популарноста на приказната за животот на четвори њујорчанки продолжува и денес, па фановите беа воодушевени од веста дека ќе бидат снимени 10 нови епизоди. Но, без Саманта, затоа што Ким Катрал одби да се појави. Се подготвува нова реализација, но не беше во предвид Ким да ја прифати понудата да игра во продолжението на серијата, бидејќи е во кавга со преостанатите три главни актерки.

фото:профимедиа

Фановите се разочарани што нема да ја гледаат Ким Катрал во новата продукција.

Според странските медиуми, сите три актерки се црни, со цел да ја прикажат 2020 година од 21 век во Њујорк. Фановите се разочарани што нема да ја гледаат Ким во оваа легендарна улога, па многумина коментираат дека нема ни да го погледнат продолжението на оваа веќе култна серија, која ќе се вика „И баш така“.

Серијата ќе се снима на крајот на пролетта како дел од HBO Max. Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон повторно ќе ги играат истите улоги, а тие ќе бидат и извршни продуценти на серијата.

Инаку, оваа популарна серија, која има и две филмски продолженија, се снимаше во шест сезони и има 94 епизоди. Уште во 2007 година беше прогласена за најдобра серија на сите времиња и освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.

Останати вести од Радио Милева