Промотер

Сале – Срв со песна, “Македонија” – вечна (видео)

Сале – Срв со песна, “Македонија” – вечна (видео)

Македонскиот рокер и познат музички менаџер, Сашко Андриески, попознат како Сале – Рокер или Сале СРВ, по последните свои песни и неколку кавер верзии, како оние на познатите хитови на Галија или Азра, има нова авторска песна. Задржувајќи го својот препознатлив рокерски стил, овој пат македонскиот музичар песната ја посветил на на неговата и наша, родна “Македонија”, како што гласи самиот наслов на неговата нова тема полна со национални чувства и патриотски набој и родољубиви емоции кон единствената татковина, вткаени во одличните стихови на стариот проверен мајстор, Огнен Неделковски.

Затоа и не случајно 2-ри Август, големиот македонски национален празник Сале го одбрал за промоција на песната која пак е компонирана од уште еден музичар, член на познатите балкански бендови со кои Сале како менаџер соработува – Бојан Станимировиќ од “Амадеус бенд” и македонскиот инструменталист на народни инструменти Алек Петковски, додека аранжманот го потпишува Дамир Имери. Песната “Македонија”е снимена во студиото “City sound”, а продукцијата и миксот/мастетингот се на Љупчо Соколовски.

Песната е визуелизирана со видео кое меѓудругото содржи преубави кадри од прекрасните убавини на Македонија, а неговата реализација ја потпишуваат дури две видеопродукции: “Куба видео” и “ДРД медиа”. Честитајќи Ви го Илинден, Сашко Андриески или Сале СРВ како што му е уметничкиот прекар ве кани премиерно да ја проследите неговата визија за “Македонија”.