Љубов и Секс

Сакате да го возбудите мажот од вашите соништа? Пробајте ги овие секси предлози…

Сакате да го возбудите мажот од вашите соништа? Пробајте ги овие секси предлози…

Има ли подобро чувство од тоа да знаете дека мажот од вашите соништа е возбуден поради вас?

Иако е убаво да се замисли дека тоа ќе се случува секогаш кога сте во собата, понекогаш е потребно да посегнете по некое „тајно оружје“ кое не го очекува, а кое ќе го излуди. Понекогаш е неопходно да се ѕирне на непослушната страна, сакајќи да ја заскокоткате неговата имагинација.

Ако не сте сигурни како да го направите тоа, тогаш сте на вистинското место. Размислувавме што најмногу ги возбудува мажите, а ви носиме фантастични секси предлози со кои не можете да погрешите.

Врзете го

Големи се шансите момчето со кое сте во врска да има тајна желба да доминирате над него. Значи, од вас се очекува да му покажете кој е „газда“. Сè што ви треба за да ја спроведете таа идеја е една од неговите вратоврски, или уште подобро, пар лисици. Ќе функционираат и вашите хулахопки или некоја сатенска марама, доколку спонтано сте решиле да го врзете и да ја заскокоткате неговата фантазија. Згора на тоа, тоа што нема да знае што го чека, ќе има поголем ефект врз него.

Облечете нешто секси и предизвикувачки

Повеќето мажи не можат да одолеат кога ќе ја видат девојката од соништата во секси долна облека. Бидејќи знаете дека мажите се визуелни суштества, би можеле да ги искористите овие информации во ваша корист. По желба, тоа може да биде „push up“ градник во комбинација со танга гаќички или неглиже од тантела. Исто така, ако сакате да носите мрежести чорапи и подвезици, не пропуштајте ја можноста да ги додадете во равенката. Тој едноставно ќе ужива да ги вади сите тие работи од вас.

Ставете му повез

Оваа тактика е нешто што вашиот сакан можеби никогаш порано не го доживеал и што може да биде неверојатно возбудливо. Кога ќе му ставите повез, му го „укинувате“ омиленото сетило, но му ги оставате сите останати за да го истражува вашето тело. Бидејќи не може да ве види, ќе биде фокусиран на мирисот на вашата кожа, топлината на вашето тело, вашиот здив и зборовите што му ги кажувате. Додека му се врзани очите, неговата фантазија ќе полуди за тоа дека вие можете да го искористите тоа време да се ослободите од вишокот облека и да го доведете во ситуација во која го сакате, пренесува „zenskimagazin.rs“.

Користете некои секси играчки

Интересен е фактот што мажите не се свесни дека жените користат секси играчки дури и кога имаат многу редовен секс. Во тој поглед, би можеле да извадите една од вашите омилени играчки и да му покажете на вашиот сакан како може да ве задоволи со неа. Немојте да мислите дека тоа нема да му донесе никаква возбуда, бидејќи напротив, нема поголем поттик за мажот во спалната соба од тоа да ја гледа својата сакана како ја достигнува кулминацијата.

Остварете ја неговата сексуална фантазија

Добар начин парот да се поврзе и да си покаже колкава доверба има меѓу нив е откривање на сексуални фантазии. Прашајте го вашиот сакан која е неговата најголема сексуална фантазија, навидум целосно незаинтересирано да направите нешто во врска со тоа. На многу мажи ќе им биде непријатно да разговараат за тоа, но со вашето охрабрување и споделување на вашата фантазија со него, ќе му помогнете да се отвори. И како шлаг на тортата, ако е нешто во кое можете да се замислите, не двоумете се да го остварите.

извор:popara.mk