Радио Милева

„Сакам на сите да им останам во добро сеќавање“: Актерката подготвила облека за својот погреб

„Сакам на сите да им останам во добро сеќавање“: Актерката подготвила облека за својот погреб
фото: профимедиа

Американската актерка и продуцентка Шенон Доерти која се прослави со улогата Бренда во серијата „Беверли Хилс“ и улогата Пру во серијата „Чари“ веќе со години се бори со опасната болест, а последните неколку недели влошена е нејзината здравствена состојба.

Таа неодамна призна дека е свесна дека напрадевувала болеста и дека сега е во четврт стадиум, а неодамна истакна дека сака да и свират на погребот, а станува збор за песната “Tears in Heaven”.

фото: профимедиа

Актертката сега повторно ги растажи фановите кога откри дека одбрала облека за погребот.

„Се трудам последните неколку месеци да средим некои односи, да им се извинам на луѓето кои ги повредив – свесно или несвесно. Се обидувам да живеам со полни гради и да уживам во времето кое ми остана“, вели актерката и додава:

„Знам во што сакам да отидам во другиот свет. Подготвив фустан кој го добив од најдобрите другарки пред неколку години, во него се чувствувам посебно. Сакам да бидам убава. Сакам на сите да им останам во убаво сеќавање“, изјави Шенон.

Останати вести од Радио Милева