Мегафон
време е за спектакл

Сѐ е подготвено за големиот славенички концерт на ДНК на 3-ти декември во арената „Борис Трајковски“

Сѐ е подготвено за големиот славенички концерт на ДНК на 3-ти декември во арената „Борис Трајковски“

Концертот на 3-ти декември (сабота) со кој ар-ен-би дуото ДНК прославува 20 години заедничка работа и постоење е предвиден да започне во 20 часот, а настанот ќе значи заокружување на едно убаво и големо поглавје во кариерата на двоецот, но и патување низ времето со најголемите хитови на Панчо и Андреј.

Освен нив на сцената присутните во салата ќе ги видат и слушнат и луѓето со кои другаруваат и соработуваа во текот на кариерата Тамара, Ена, Таско, Наум Петрески, Јанг Дади, Џамбо Агушев и неговиот оркестар… За загревањето на атмосферата, пак, ќе се погрижат диџеите Ајри Скреч и Нести.

„Нѐ оставивте без зборови, се гледаме во сабота“, едногласни се Панчо и Андреј, во однос на податокот дека билети за саботната дружба во продажба повеќе нема. А тоа значи дека оние кои навреме си купија влезници се среќни затоа што нема да мораат да чекаат до следната ваква дружба или некој друг да им раскаже како се слави јубилеј.

Дел од средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, односно доделени на фондацијата „Марко Божиновски“ во која членуваат Панчо и Андреј и се големи поддржувачи на истата.

„Се гледаме во сабота – дојдете да го славиме животот и македонската музика бидејќи не знаеме што ни носи наредниот ден!“ – порачуваат Панчо и Андреј.