Живот и Стил

Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие

Рутини што можат да ви помогнат да внесете позитивност во вашето секојдневие

Еве како да си помогнете и да го промените протокот на мислите што во моментот може да биде негативен.

Ако чувствувате дека не одите напред, немате волја за живот или живеете во страв, не заборавајте да побарате помош од стручни лица. Во западниот свет, одењето на психотерапевт е исто како и на стоматолог.

Колку вложувате во дружење?
Само затоа што во моментот не можеме да одиме на забави, концерти, ресторани и кафулиња, не значи дека треба да заборавите на пријателите. Животот продолжува, само во една друга форма и друг пристап. Поканете пријатели на видеоповик, организирајте дружење, организирајте патување секој викенд во природа на некое друго место. Постојат начини да се одржи социјалната дистанца во овие тешки моменти.

Како се релаксирате?
Можеби ви се чини дека работата од дома ве релаксира, но тоа е далеку од вистината. Многумина од нас воопшто не знаат како да се релаксираат, но треба да знаете да направите време за медитација, прошетки, читање, вежбање. Потребно е да се одвои време за тоа.

Променете го протокот на мислите
Една тетратка ќе ви помогне во ова. Запишувањето мисли е многу ослободувачко, па во моментите кога ви е најтешко, напишете на хартија како се чувствувате, а потоа запишете каква е реалната состојба зад тие чувства.

извор:кафепауза.мк