Мегафон
„Безбедно лето 2022“

РСБСП со апел: Возачите да не возат кога се уморни и под дејство на алкохол

РСБСП со апел: Возачите да не возат кога се уморни и под дејство на алкохол

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) преку соопштение апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да не возат кога се уморни, да не возат кога се под дејство на алкохол и да не ја пречекоруваат препорачаната брзина.

Возачите кога се упатуваат на подолги патувања, како што се посочува, треба да ја проверат техничката исправност на возилото, да го планираат времето за патување, да прават почести паузи за одмор надвор од моторното возило и да консумираат повеќе безалкохолни пијалоци.

Во рамки на кампањата „Безбедно лето 2022“ се реализираат летна кампања под мотото „Вози одморен“ и кампања „Носи кацига“ наменета за возачите на мотоцикли, велосипеди и електрични тротинети, со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, и кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот, преку едукација и подигање на свеста кај возачите за почитување на сообраќајните правила и прописи, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на високите летни температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз способноста за управување со моторно возило. Возете одморени, возете безбедно, додаваат од РСБСП.