Радио Милева
Постојана битка

Розга завршила во болница: Пејачката води борба со штитната жлезда, а сега следел и нов проблем

Розга завршила во болница: Пејачката води борба со штитната жлезда, а сега следел и нов проблем

Познато е дека Јелена Розга има проблем со тироидната жлезда.

Хрватската пејачка изјави дека она што долго време ја мачи не е поврзано со музиката, туку со здравјето.
Имено, Јелена не крие дека има проблеми, а сега откри кои.

– Минатиот понеделник бев многу среќна, бидејќи завршив добра работа во студиото. Дојдов дома, го шетав кучето и ми се слоши. Отидов на лекар и испадна дека тироидната жлезда полудува, па терапијата се менуваше… Од време на време имам проблеми со тироидната жлезда, едноставно не ми дава мир. Мојот ендокринолог со години коментира – тироидната жлезда ти е инаетлива, никако, тешка е како тебе – низ насмевка објави Розга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)

Розга откри дека долго време работи на албумот.

– Меѓутоа, кога слушав во одреден момент, фрлив се’, не бев задоволна и почнав повторно. Сега тоа сакав да го слушнам, мислам дека мојата публика го заслужува тоа ниво. Јас сум свој најголем критичар, буквално ме исфрлаат од студио или продуцентот не ми одговара кога ќе му се јавам – објасни Розга, поради што ја сметаат за перфекционист.

фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Розга

Останати вести од Радио Милева