Радио Милева
доби уште едно внуче

Росана стана баба по вторпат: „Ќе биде песнопоец на мене“

Росана стана баба по вторпат: „Ќе биде песнопоец на мене“

Пејачката Росана Сариќ – Тодоровска стана баба по вторпат.

Росана и нејзиниот сопруг Ѓорги Тодоровски-Трупче го добија второто внуче.

Имено, нивната ќерка Ивана и зетот Џејмс го добија вториот син за кој го одбраа името Матео.

Пејачката за „ММС“ изјави дека e прекрасно чувството да се биде баба уште еднаш и дека целиот ден го преплакала од среќа.

-Цела ноќ не сме спиеле со дедо Трупче, око не сме склопиле. А цел ден плачев од среќа, преплакав. Иванче ни се породи утрово околу 10.30 часот и ни го донесе најубавиот подарок на свет, нашето второ внуче Матео. Таа е многу храбра и дисциплинирана мајка, вели пејчката и додава дека таткото присуствувал на породувањето

-Џејмс, како за Ноах, така и за Матео присуствуваше на породување и веднаш ни кажа дека малиот Матеа многу плачел кога се родил. И Ивана  и зетот изреагирале дека Матео ќе биде песнопоец на баба, па баба расте како квасец од среќа. Фала му на Бога се добро се заврши. Вистина преубаво чувство за повторно да станеме баба и дедо, вели среќна баба Росана.

За радосните вести и новиот член во семејството се израдува и тетката на Ивана, сестрата на Росана, Маријана која живее во Австралија.

-Матео, мое внуче, наше сонце. Честитки до внуката Ивана и зетот Џејмс Холт. Ноах си доби братче“; напиша таа под објавата.

Инаку, за Росана и Трупче оваа е второ внуче, нивната ќерка и зетот веќе го имаат тригодишниот син кој сега си доби братче

За потсетување, Ивана и Џејмс во 2017 година запловија во брачните води.

Честитки!

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева