Радио Милева

„Ролинг стоунс“ ја одложија турнејата: Мик Џегер мора да прави операција на срцето

„Ролинг стоунс“ ја одложија турнејата: Мик Џегер мора да прави операција на срцето
фото:инсатграм/ролингстоунс

Фронтменот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, мора да биде опериран на срцето, а бендот ја одложи турнејата во САД и Канада, пренесуваат американските медиуми. Славниот британски бенд во саботата објави дека ја одложува турнејата „No Filter“ бидејќи 75 годишниот рокер мора да биде опериран. Музичкиот магазин „Rolling Stone“ објави дека операцијата ќе биде изведена во петок во Њујорк.

-Се извинувам на нашите фанови во Америка и Канада кои купија влезници. Навистина жалам што вака ве изневерив. Скршен сум оф фактот што мораме да ја одложиме турнејата, но ќе работам многу напорно да се вратам на сцената што е можно побрзо. Уште еднаш, големо извинување на сите, објави Џегер на Твитер.

фото:инсатграм/ролингстоунс

Мик Џегер има осум деца, пет внуци и правнука, но го задржа својот енергичен сценски настап и во осмата деценија од животот. Бендот е основан 1962 година и требаше да одржи 17 гонцерти на оваа турнеја измеѓу април и јуни.

Останати вести од Радио Милева