Мегафон

„Рок симфонија“ – концерт на Аки Рахимовски со „Камерниот оркестар“ на Битола

„Рок симфонија“ – концерт на Аки Рахимовски со „Камерниот оркестар“ на Битола

Легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, на 7-ми јули ќе настапи на концертот „Рок симфонија“ на Камерниот оркестар на Битола. Концертот ќе се одржи на Ракометното игралиште во Битола со почеток во 21 часот.

Ова е првиот од трите најавени концерти од проектот „Балкан гала“. На 9-ти јули следува „Поп симфонија“ а „Електро симфонија“ на 11-ти јули.