Радио Милева
ја растурија „калимерата“...

Роденденот на ќеркичката ги разоткри односите: „Пукна тиквата“ меѓу момчето на Цеца и неговата бивша сопруга Зорана, сега девојка на Саша Ковачевиќ (ФОТО)

Роденденот на ќеркичката ги разоткри односите: „Пукна тиквата“ меѓу момчето на Цеца и неговата бивша сопруга Зорана, сега девојка на Саша Ковачевиќ  (ФОТО)

Ќерката на момчето на Цеца,  имаше роденденска прослава од бајките. Принцезата облечена во бело славеше во престижен ресторан, а на прославата покрај нејзините пријатели присуствуваа и пријателите на нејзиниот татко Богдан Срејовиќ.

Сепак, судејќи по гостите од роденденската прослава, овојпат отсуствуваа мајката на малата Искра, српската екс мисица Зорана Тасовац и нејзиниот долгогодишен партнер, пејачот  Саша Ковачевиќ, за кои долго се знаеше и зборуваше во јавноста дека се во одлични меѓусебни односи и со Богдан и со Цеца.

И додека Цеца со огномет и го честиташе роденденот на малата Искра, се’ уште не пристигнаа честитките од Саша Ковачевиќ кои ја изненадија јавноста.

Ќерката на Богдан Срејовиќ и Зорана Тасовац беше причината поради која нејзините родители одржуваа добри контакти со години, за што јавно проговорија и Богдан и Саша. Затоа многумина беа збунети од отсуството на Саша и Зорана, а тој гест го протолкуваа како вистински показател за односот меѓу поранешните сопружници, но и за односот на Цеца и Саша кои претходно беа куќни пријатели и си одеа еден на друг на слава.

Сепак, ќерката на Богдан Срејовиќ живее со мајка си и Саша, кои секако најдоа начин да ја израдуваат малата Искра и да и го разубават роденденот далеку од очите на јавноста, но ине и во заедничко друштво со Цеца и Богдан.

Фото: Инстаграм принтскрин

Останати вести од Радио Милева